ВИДЕО: Ѓукановиќ пристигна на Цетиње, започна литургијата во Подгорица

Мило Ѓукановиќ во Цетиње / фото: Твитер/скриншот

Во Подгорица започна литургијата предводен од патријархот на Српската православна црква Порфириј, која ќе му претходни на утрешното устоличување митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије, во Цетиње. Во исто време, сите приоди кон градот се блокирани од полицијата, додека стотици демонстранти се обидуваат да влезат во градот.

Во Цетиње попладнево пристигна и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој ги поддржува демонстрантите, во обид да ги смири страстите. Околу 1.800 полицајци се распоредени во градот за да спречат инциденти.

На литургијата во Подгорица присуствуваат партијархот Порфириј, митрополитот Јоаникиј, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, министрите, како и владици, епископи и други гости.

Претходно, поради немирите во Цетиње пред утрешното устоличиување на митрополитот Јоаникиј, Ѓукановиќ се огласи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

„Ги повикувам сите граѓани, сите религии и нации и политички опции, како што сум правел секогаш, заедно да придонесат за зачувување на мирот, стабилноста и мултиетничката хармонија, одговорно да го заштитат животот и здравјето на секој граѓанин и правото на разновидност како наше најголемо богатство. Се разбира, ние мора непоколебливо да ја заштитиме слободата, суверенитетот и достоинството на Црна Гора и нејзиниот народ,“ напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој го повика и премиерот Кривокапиќ да го одржи ветувањето и да обезбеди сигурност за сите граѓани.

Претходно, група демонстранти кои се против устоличувањето на новиот митрополит на Српската православна црква во историскиот главен град на Црна Гора, ја пробија полициската блокада на влезот од Цетиње и поставија барикади, но и жив штит.

Приодите кон Цетиње од правец на Подгорица и од Будва се блокирани со големи камења, автомобилски гуми, а дел од демонстрантите седат на патот.

Српскиот патријарх Порфириј денеска пристигна во дводневна посета на Црна Гора пред утрешното устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетинскиот манастир, на што остро се спротивставија црногорските организации, опозицијата и голем број граѓани денеска се собраа во Цетиње, каде се распоредени најмалку 1.800 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот