ВИДЕО| Ѓорѓиевски: Нема да бидам градоначалник што се жали, туку што нуди решенија

Буџетот на општина Кисела Вода е во катастрофална состојба. Буџетот го наследив со околу 20 милиони денари на сметка, а само кон Светска банка имаме долгови од 1 милион и 700 илјади евра. Доспеани и недоспеани долгови имаме милион и 300 илјади евра. Тоа се сериозни долгови. Но јас нема да бидам човек кој ќе се жали туку кој ќе најде решение за секој проблем, затоа што нашите сограѓани не ги интересира долгот на општината, тие сакаат што побрзо решавање на долгогодишните проблеми, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Приоритет ми е да ги завршам работите кои веќе се почнати од минатата власт, а потоа систематски да започнеме со решавање на проблемите. Имеме голем проблем со патната инфраструктура во општината. Многу улици се ископаа непосредно пред изборите, тие мора да се завршат. Исто така ќе го забрзаме процесот на издавање решенија за легализација  За седум дена откако сум градоначалник успеавме да доделиме сто решенија за легалиизација, и тоа лично јас ги однесов до домовите на граѓаните. Од пролет ќе започнеме со поголеми, капитални проекти. Изминатава недела започнавме со изградба на парк во Драчево на местото на големата депонија на површина од 4.000 метри квадратни, рече Ѓорѓиевски.

Проблемот со паркирањето ќе се реши преку изградба на монтажни гаражи.

– И јас како и останатите жители на Кисела Вода, се соочувам со проблемот со недостаток на паркинг места, и самиот живеам во Расадник, така што знам каква е состојбата на терен. Првата фаза од решавање на овој проблем ќе биде изградбата на монтажни гаражи. Неодамна во Расадник започна да се оградува едно место планирано за монтажна гаража, но за истото нема соодветна документација, дури ниту одобрение за градба. Благодарение на службите во Општината, успеавме за седум дена да дојдеме до финална фаза за обезбедување на потребната документација. Сме размислувале и за воведување на зонско паркирање но за тоа треба да одлучат граѓаните, вели Ѓорѓиевски.

Гостување на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски  во Утрински брифинг 04. 11. 2021
Гостување на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во Утрински брифинг 04. 11. 2021

Во однос на бетонизацијата на Расадник, тој нагласува дека ќе формираат тело во кое ќе партиципираат граѓаните.

– За тоа како ќе се развива Расадник, ќе зависи директно од граѓаните, а целата постапка ќе оди по пат на меѓународен конкурс за идејно решение. Ќе формираме тело во кое што ќе партиципираат сите наши сограѓани. Во Расадник ќе се изгради и поликлиника, а ќе го дислоцираме и Центарот за зависници, најавува градоначалникот на Кисела Вода.

Како што вели,  успешното работење на општината, нема да зависи од случувањата во Централната власт.

– Нема да наоѓам изговори за евентуален неуспех, тоа им го ветив и на моите сограѓани во кампањата. Имам сериозно добар тим со кој сметам дека ќе направиме голем успех во работењето, завршува Орце Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот