ВИДЕО | Ѓорѓиева Антонијевиќ: Власта е најодговорна за борба против корупцијата – мешањето на владини претставници во судството е проблем кој трае со децении

Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ / Утрински брифинг

Индексот во нашата земја во однос на корупцијата покажува дека ние сме на 111 место од 180 земји.

-Тоа значи дека навистина е алармантно тоа што се случува кај нас. Има уште многу за работа мора сите заеднички да работиме, и ние како граѓани во нашата совест да сфатиме дека корупцијата не е добра, изјави за Утрински брифинг Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ, експерт за борба против корупција, вели Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ.

Таа вели дека извештаите коишто се направени и голем број анализи укажуваат дека поткупот во Македонија се сфаќа како тоа да е нешто нормално.

-Голем број од граѓаните на овие анкети одговориле дека да подготвени се да дадат поткуп и дека тоа не е ништо страшно. Кај земјите кои што се веќе во ЕУ , кај нив е поразлична ваквата перцепција особено кај оние на Балканот.

Владата не може да се тргне од одговорноста бидејќи таа е базата од каде треба да отпочне борбата со корупцијата, вели Ѓорѓиева Антонијевиќ.

-За да имаме успешна борба со корупцијата мора да имаме Влада која навистина ќе се бори со корупцијата, вели за УБ Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ, експерт за борба против корупција.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот