Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

ВИДЕО | Ѓоковиќ го предаде полуфиналето против Зверев, публиката го испрати со свирежи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот Австралија Опен откако во полуфиналето го предаде мечот со Александар Зверев.

Ѓоковиќ по крајот на првиот сет кој го загуби со 7:6 се доближи до мрежата и му соопшти на Зверев дека ќе мора да го предаде мечот поради повредата со која има проблеми одреден период.

Првиот сет Зверев го освои по тај-брејк, а му беа потребни 81 минута. Пред да се одлучи да го предаде мечот Ѓоковиќ и со таблети се обиде да ги намали болките, но очигледно тоа не помогне.

Зверев во финалето ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот