ВИДЕО | Ѓоковиќ пристигна во Лондон: Прилика која се укажува еднаш во животот

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери на светот/фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Српскиот тенисер и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Новак Ѓоковиќ пристигна во Лондон каде од 23 до 25 септември ќе учествува на „Лејвер купот“.

Во моментов седмиот играч во светот во „Тимот на Европа“ ќе биде заедно со Рафаел Надал, Енди Мареј и Рожер Федерер, за кој овој настан тоа треба да биде проштално натпреварување во кариерата.

Според кондицискиот тренер на Федерер, Пјеро Паганини, Швајцарецот во „последен момент“ ќе одлучи за учеството на турнирот.

– Веројатно е прилика која се укажува еднаш во животот – рече Ѓоковиќ по пристигнувањето во Лондон.

За „Тимот на Европа“ ќе играат и Стефанос Циципас, Каспер Руд и Матео Беретини.

Ним ќе им се спротивстави „Тимот на Светот“ составен од: Тејлор Фриц, Феликс Оже-Алијасим, Диего Шварцман, Френсис Тиафо, Алекс де Минор, Џек Сок и Томи Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот