ВИДЕО: Ѓоковиќ лесно до четвртфиналето на турнирот во Астана

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на АТП турнирот во Астана (Казахстан) бидејќи го совлада Ботик Ван Де Зандшулп од Холандија во два сета со 6:3 и 6:1. Дуелот траеше еден час и 10 минути игра.

На првиот брејк на овој меч се чекаше до шестиот гем. Пред тоа српскиот ас имаше мали проблеми бидејќи го раскрвави палецот на десната рака, но по кратката лекарска помош веднаш му го одзеде сервисот на ривалот. Потоа и спаси една брејк топка, но брзо го обезбеди брејкот за 5:2.

Во вториот сет имаше уште помалку проблеми за седмиот играч на светот кој водеше со 5:1, потоа се соочи со уште една брејк топка која лесно ја спаси, но веднаш потоа направи нов брејк за 6:1.

– Сервисот добро ми функционираше, особено кога требаше да се извлечам од проблеми. Во вториот сет подобро го читав неговиот сервис, тој е одличен играч, кога има време знае да биде незгоден и се обидов да му го одземам тоа време – рече Ѓоковиќ по мечот.

Следен ривал на српскиот тенисер во Казахстан ќе биде Карен Хачанов, кој го победи Марин Чилиќ со 2:1. Познати се уште две четвртфинални двојки во Астана, Манарино ќе ги одмери силите против Рубљов, додека Циципас ќе се соочи со Хуркач кој славеше над Бублик со 2:0 (6:4, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот