ВИДЕО: Ѓоковиќ ја освои јубилејната 90 титула во кариерата, испишана историја во Астана

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Астана/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на АТП турнирот во Астана (Казахстан) откако денеска во финалето го совлада Стефанос Циципас од Грција со 6:3 и 6:4.

Најдобриот српски тенисер стигна до јубилејната 90 титула во кариерата и на тој начин се доближи до Рафаел Надал кој има 92, како и до рекордерот Рожер Федерер кој има 103 трофеи.

Ѓоковиќ со триумфот во Астана направи подвиг каков што не беше виден цели 12 години. Србинот стана само вториот тенисер во историјата кој успеал да освои турнири во сите категории во една сезона. Тој триумфираше на Вимблдон, Мастерс серијата 1000 во Рим, АТП 500 во Астана и АТП 250 во Тел Авив.

Досега успеа само Федерер, кој го освои Австралија опен во 2010 година, триумфираше на Мастерсот 1000 во Синсинати, го освои АТП 500 во Базел и АТП 250 во Стокхолм.

Треба да се истакне дека со титулата во Астана, Ноле и математички го обезбеди учеството на завршниот Мастерс во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот