ВИДЕО: Ѓоковиќ го одигра 50 јубилеен меч за Србија во Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Новак Ѓоковиќ го совлада Јан Штруф во вториот меч од Дејвис купот во дуелот помеѓу Србија и Германија со резултат 2:0 во сетови 6:2 и 6:2.

За првиот светски рекет Ѓоковиќ ова беше 50 јубилеен 50 меч во дресот на српската репрезентација. Воедно израмнување на 1:1 на мечот против Германците, па така пресметката во двојки одлучува кој ќе биде победник.

Претходно Германија поведе со триумфот на Доминик Кепфер против Филип Крајиновиќ (7:6, 6:4).

– Голема чест и задоволство е да се игра за Србија и тениската репрезентација по јубилеен 50 пат. Не следев искрено, на таа бројка ме потсетија луѓето од тимот. Поминаа повеќе од 15 години откако дебитирав, се сеќавам на тие дебитантски мечеви. Игравме во сала, па надвор против Белгија. Знам колку ми се сруши светот кога ги загубив тие мечеви против квалитетни противници.

Сакаме да ја вратиме Србија во тенискиот репрезентативен врв. Тоа е она кон што се стремиме и кон што се надеваме. Промената е генерација откако Виктор се пензионираше и стана селектор, како и Зимоњиќ и Типсаревиќ. Форматите на натпреварувањето се сменија, сега го имаме и АТП купот и Дејвис купот. Имав големо задоволство да бидам во тие шампионски генерации. Ова се некои спомени кои ќе ги носам со себе цел живот и ќе ми бидат незаборавни. Трофејот во 2010 година ми даде многу. За мене страста не стивнува, всушност станува уште поголема – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот