ВИДЕО: „Ѓаволски“ пресврт на Јунајтед, убедлив триумф на Баерн и на Челси

Роналдо го комплетираше пресвртот на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Манчестер јунајтед успеаја да ја победат Аталанта со 3:2 во третото коло во Лигата на шампионите и тоа со спектакуларен пресврт.

Аталанта водеше со 0:2 по првото полувреме благодарение на головите на Пашалиќ во 15. и на Демирал во 29. минута. Но, во второто полувреме фудбалерите на Јунајтед успеаја да постигнат три гола и да го остават Оле Гунар Солскјер на клупата. Пресвртот го најави Маркус Рашфорд во 53 минута, во 75 минута Хари Мегваер го израмни резултатот, а победата ја обезбеди Кристијано Роналдо на девет минути до крајот.


За разлика од Јунајтед кој со тешка мака стигна до победата, фаворитите Баерн Минхен и Челси немаа такви проблеми и славеа со 4:0 против Бенфика односно Малме.
Баварците во Лисабон како гости со убедливи 0:4 ја совладаа Бенфика и уште еднаш покажаа зошто се еден од главните фаворити за трофејот во ЛШ. Првото полувреме заврши без голови, но затоа во последните 20 минути од средбата, Лерој Сане погоди два пати, Левандовски еднаш, а четвртиот гол беше всушност автогол на Евертон.


Актуелниот европски шампион Челси ја оправда улогата на фаворит и со 4:0 го совлада Малме со двата гола на Жоргињо, на Хаверц и на Кристенсен.

Резултати:

Група Е
Барселона – Динамо Киев 1:0
Бенфика – Баерн М. 0:4
Табела: Баерн М. 9, Бенфика 4, Барселона 3, Динамо Киев 1.

Група Ф
Манчестер Јун. – Аталанта 3:2
Јанг Бојс – Виљареал 1:4
Табела: Манчестер Јун. 6, Аталанта 4, Виљареал 4, Јанг Бојс 3.

Група Г
Салцбург – Волфсбург 3:1
Лил – Севиља 0:0
Табела: Салцбург 7, Севиља 3, Лил 2, Волфсбург 2.

Група Х
Челси – Малме 4:0
Зенит – Јувентус 0:1
Табела: Јувентус 9, Челси 6, Зенит 3, Малме 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот