ВИДЕО: Гидсел ги овена „лалињата“, Данска е првиот полуфиналист на ЕП

Данска која е помеѓу фаворитите за титулата на Европското првенство ја забележа и шестата победа по ред, трета во главната фаза.
Денеска избраниците на селекторот Николај Јакобсен ја оправдаа фаворитската улога против Холандија славејќи со 35:23.
Овој меч го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, што беше нивни четврти на континенталниот собир.
Гидсел беше прв стрелец во победничкиот состав со девет голови, а за „лалињата“ доминираше Баијенс со шест погодоци.
На табелата во групата „1“ Данците имаат осум бодови, по четири Франција и Исланд, а по два Црна Гора, Хрватска и Холандија.
Видео на денот