ВИДЕО: Ги нема Роналдо и Рамос, со кои играчи Реал ќе ја освојува Европа?
Карло Анчелоти по вторпат во својата тренерска кариера седна на клупата на Реал Мадрид. После одличната сезона во Евертон, италијанскиот стратет не можеше да му каже „не“ на Флорентино Перез, првиот човек на „кралскиот“ клуб.
Анчелоти го очекува многу работа, бидејќи за разлика од пред седум години составот од „Сантјаго Бернабеу“ доста се промени, а и на резултатски план.
Мадридскиот „АС“ веќе објави како би изгледал тимот на Реал во новата сезона со неколку изненадувања во првиот состав, додека потенцијалните засилувања се очекуваат во текот на летниот период.
За разлика од првиот мандат Анчелоти нема да ги има на располагање Кристијано Роналдо кој се пресели во Јувентус и Серхио Рамос чиј договор наскоро истекува и дефанзивецот според шпекулациите најавува заминување.
Еве како би изгледал стартниот состав: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Менди, Модриќ, Крос, Одергард, Бејл, Бензема, Азар.
Анчелоти се врати во Реал: Со атрактивен фудбал во напад на сите трофеи