ВИДЕО | Гешоска: Почнува новото издание на КРИК фестивалот, во фокус се демократијата и солидарноста

Искра Гешоска / Утрински брифинг

Утре (вторник 21 јуни, 2022) почнува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“.

„Темата се оривлекува уште од самиот почеток, но особено сега кога се најдовме во голема мака, прво пандемијата што владееше изминатите две години, а потоа недоумици околу концептите за демократија, слобода, солидарност, што тоа значи? Кој како ја практикува моќта, како се практикува солидарноста? Така што сите тие мали , но суштествени јадра за нашто постоење и за нашето цивилизациско постоење не’ натераа повторно да се навратиме кон наративот на отпорот. Зошто отпор, тоа не е деструктивен отпор, сметаме дека отпорот е една од клучните алатки на критичкото мислење, значи да се преиспитуваат работите, да се стои наспроти нештата, тие да не се прифаќаат здраво за готово, да се промислуваат нови модели на здружување, нови модели на формирање заедници. Токму заради тоа отпорот не’ држи мобилни, не’ тера да не заспиеме, да останеме постојано будни и креативно да се спротивставуваме доколку е тоа можно“, вели за Утрински брифинг, Искра Гешоска, програмска уредничка на фестивалот КРИК.

Фестивалот КРИК ќе се одржува во текот на јуни, септември и октомври.

„Од самиот почеток ни беше важно да не се држиме исклучиво до тој фестивалски концентриран формат, кој трае три, четири или пет дена, потоа завршува и со тоа завршува целата приказна, бидејќи ако зборуваме за критичка култура значи дека ни се потребни процеси и затоа јавните настани ги распоредуваме во текот на целата година. Од оваа година го имаме и тој резиденцијален дел и ќе продолжиме со тоа затоа што на тој начин се воспоставува почва за пренос на знаењето и размена на мислења“, додава Гешоска.

Утрешното предавање на Нејтан Браун е насловено „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“ и ќе се одржи во Чифте амам, со почеток од 20 часот.

Во четврток (23 јуни) во Сули ан ќе се одржи „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот