ВИДЕО: Германски фармацевтски гигант влегува во Македонија

Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

Над 160 милиони евра странски инвестиции само годинава влегле во земјава од девет инвестициски проекти, од кои дел се нови, а дел се од оние кои веќе оперираат во македонските Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Вкупниот обем на уплати што овие инвестиции ќе ги генерираат во буџетот во наредните десет години е над 120 милиони евра. Оваа 2021 година, според анализите, е најдобра во последните четири години, вели за „Слободен печат“ директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

– Имаме сосема нов квалитет на полето на странски инвестиции споредено со сите години порано. Како највидлив показател за ова е разликата во нето плата од 2016 и 2020 година која изнесува 40 проценти, вели Деспотовски.

Токму високите плати се приоритет во преговорите со странските компании кои сакаат да инвестираат во нашата земја, вели Деспотовски. Нам не ни требаат инвеститори кои нудат голем број евтини работни места, нам ни требаат компании кои ќе понудат можеби помал број вработувања, но со високи плати за работниците, дециден е тој. Оттаму и во нашата кампања за привлекување странски инвестиции ја исфрламе синтагмата „ефтина работна сила“, посочува директорот на ТИРЗ.

– Динамиката на привлекување странски компании продолжува. Имаме три нови инвестиции од кои една постојна и две нови, едната ќе биде во Штип,  една во Кичево и една во Скопје. Станува збр за компнии од доменот на фармацијата, автомобилската индустрија како и од производство на градежни материјали. Компаниите се од Велика Британија, САД, како и турско-холандска компанија, вели Деспотовски.

Тој ја најавува и најголемата странска инвестиција досега во историјата на привлекување странски инвестиции која ќе биде обзнаена за две до три недели. Се работи за германски гигант во доменот на фармацевтската индустрија, а инвестицијата ќе биде над 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот