ВИДЕО: Германската полиција употреби солзавец и палки врз демонстрантите што излегоа на протест против ограничувачките мерки

Демонстрантите кои денеска излегоа на улиците во Касел за да изразат незадоволство од ограничувачките мерки на германската Влада се судрија со полицијата која против нив користеше бибер спреј и палки.

Полицијата соопшти дека неколку илјади луѓе се собрале на претходно непријавениот собир во центарот на градот. 

Во полицискиот извештај се вели дека насилството избило откако демонстрантите ги игнорирале упатствата и предупредувањата на полицајците и ги пробиле полициските бариери.

Полицијата извести дека неколку лица биле приведени, но точниот број не е објавен.

Како што е наведено, голем број од демонстрантите не носеле маски, ниту се придржувале до физичката дистанца.

Во меѓувреме, Берлин се подготвува за голем собир на членови на екстремната десница, но до раните попладневни часови само неколку десетици учесници се забележани на местото на настанот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот