ВИДЕО: Германецот остана збунет, Вернер претставен како голман на Челси
Денеска беше одржана втората трка по ред во Австрија сезонава во Формула 1 шампионатот на која присутни голем број познати лица.
Макс Ферстапен од редовите на „Ред Бул“ дојде до првото место за негов вкупно петти триумф оваа Ф1 сезона и моментно е на врвот во генералниот пласман со 182 бодови.
Трибините на „Ред Бул ринг“ беа исполнети до последно место, а Ферстапен имаше навистина фантастична поддршка од холандските навивачи.
Помеѓу присутните беше и германскиот фудбалски репрезентативец Тимо Вернер и воедно играч на Челси кој моментно е на одмор по завршувањето на Европското првенство.
Bit of a positional change for Werner next season #F1 pic.twitter.com/NBeTFqdW44
— Ari J (@AriJosefsberg) July 4, 2021
Германецот ја искористи можноста да ја следи денешната Ф1 трка, а пред стартот на истата една новинарка од „Скај Спортс“ земаше изјава од фудбалерот кој го претстави како голман на Челси и репрезентацијата на Германија.
Вернер беше збунет и покрај маската можеше да се види како поцрвене, а навивачите на трибините сфатија каква грешка направи оваа новинарка. За кратко време ова видео стана хит на социјалните мрежи.