ВИДЕО | Георгиевски: Кога е војна – уметноста е оружје

Ѕвездан Георгиевски/Фото: Слободен печат

„Ова е војна. Ова не е само руско украински судир, туку светска војна, ја нарекуваат хибридна, се води со поинакви средства од претходните две светски војни. Во војната културата е оружје“, вели новинарот и извршен директор на фондацијата „Славко Јаневски“ за Утрински брифинг, коментирајќи го одекот на руската агресија врз Украина.

„Не сум рамнодушен, но ги разбирам мотивите за санкциите кон поддржувачите на режимот на Путин кои се познати уметници како што е Валериј Гергиев, диригентот на Филхармонијата во Минхен а кој беше отпуштен заради своите проруски ставови. Уметниците и особено пистелите се на удар на политиката, бидејќи работат со збор, не можат да останат под стаклено ѕвоно при сето ова што се случува околу нив. Нивниот глас мора да се слушне против неправдата, да се слуша нивното мислење“, вели Георгиевски.

Тој кажа дека следната недела жири-комисијата ќе го објави најтесниот избор од четири или пет романите што конкурираат за наградата „Роман на годината“, книжевна награда што се доделува по 23-пат.

„Оваа награда ме исполнува со гордост направена со ентузјастичка иницијатива и ако е поддржана од Министерството за култура, всушност нема институционална поддршка која покажува дека покрај тоа што сме мала култура, а барем секоја втора или трета година имаме роман со квалитети со кои можете да се натпреварувате и надвор од државата. Тоа се квалитети важни и за многу поголеми култури. И се надевам дека и оваа награда придонесе за воспоставување на повисоки критериуми во романсиерството и придонесе за популаризација на романот“, вели Георгиевски.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот