ВИДЕО | Георгиевски: Бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека може да нè нападне секој момент

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во своето гостување во БГНЕС евоцираше спомени од својата младост, кога бил војник.

-Бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да нè нападне во секој момент. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, Американците или од Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека има бугарски агенти кои само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата, вели Георгиевски.

Според него проблем лежи во историските перцепции.

– И сега, кога Заев рече неколку работи на БГНЕС за оваа заедничка историја, поголемиот дел од македонското општество е шокиран. Шокиран е затоа што се наоѓаме во еден вид воена состојба, во која група политичари, вклучително и јас, Заев, Пендаровски, Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, сме дел од политичарите кои се попрогресивни и инсистираат историчарите да разговараат и да истражуваат. Сепак, историчарите цврсто се фатиле во корупките на поранешните југословенски шеми и не излегуваат од нив. И ова е реалноста – додава Георгиевски.

Неоговото гостување проследете го во видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот