ВИДЕО: Генералот Ѓурчиновски објасни како му се запалил автомобилот во Косово

Фото: ТВ21/принтскрин

Пред неколку дена началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски доживеа незгода кога неговото возило се запали во движење на пат во Косово.

Вечерва во гостување на ТВ21, генералот објасни објасни како дошло до пожарот.

„Во непосредна близина на Приштина, во движење се запали возилото, но за среќа, со брза интервенција на обезбедувањето и придружбата брзо беше локализиран пожарот“, вели Ѓурчиновски.

Началникот додава дека за среќа нема повредени, а и материјалната штета е мала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот