ВИДЕО | Генерал Хаџи Јанев: Путин сега виде дека не е лесно да се победи народ

генерал проф. д-р Методи Хаџи - Јанев за Утрински брифинг
генерал проф. д-р Методи Хаџи - Јанев / Утрински брифинг

Војната во Украина се развлече многу подолго од очекувањата, а особено од руските очекувања.

– Ова е најеклатантен пример дека фрикцијата на војната е тешко предвидлива. Прво што се знае е дека првичниот план секогаш пропаѓа, но затоа треба да се има резервни. Јасно е дека никогаш не може да се победи народ и тоа сега ѝ стана јасно на Русија. Ова е многу чудно за Русија, според она што самата го презентираше но и според западното разузнавање, а имајќи предвид дека руската армија и нејзиното оружје е далеку над украинската. Се вели дека во Украина се пуштени регрути, главно од областите на Руската Федерација со муслиманско население, што е чудно, вели генерал проф. д-р Методи Хаџи – Јанев за Утрински брифинг.

Генералот додава дека на војниците не им се војува, моралот е на многу ниско ниво, а освен тоа на самиот почеток на војната војниците не ни беа свесни каде се наоѓаат. Војниците, па и генералите користат руски СИМ картички што овозможува нивно лесно лоцирање, што би требало да биде прва работа што ќе се забрани, додава Хаџи Јанев.

– Постои голема диспропорција кај руската војска што ја видовме во Сирија и сега во Украина. Имаме ситуации на пукната гума од неупотребување, а не затоа што била погодена од куршум. Материјалите од кои се направени борбените средства е лесни и евтини и или станува збор за корупција или за сериозни пропусти во набавките, вели генералот.

Русија очигледно дека од 2014 година се подготвуваше за ова со ослободување од врзаноста доларот за да може да ја издржи војната, а несомнено е дека го разгледувале и продолжението или следните чекори ако ова е само „воена операција“ како што велат, коментира генерал Хаџи Јанев.

– Во дигиталната технологија НАТО е посупериорен и затоа лесно ги лоцираат бродовите и трупите на руската армија, вели Хаџи Јанев.

Одеса е стратешки град на Русија оти со заземање на градот на Украина ќе ѝ го скрати достапот за испорака на рана, а на НАТО ќе му ја намали бафер зоната, коментира генералот и додава дека тука останува и опасноста од нуклеарното оружје.

– Но, ако Путин навистина е на крајот од својот живот, сепак постои опасност и покрај реципрочните мерки со Западот за неупотреба на нуклеарно оружје. Но, постои и можноста да се најде разумен човек во Русија кој би спречил вакво сценарио, заклучува Хаџи Јанев.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот