ВИДЕО: „Гаучосите“ го разбудија Лео Меси за да му честитаат роденден!

epa09271917 Argentina's Lionel Messi in action against Chile's Charles Aranguiz (R) during the Copa America group B preliminary round soccer match between Argentina and Chile at Olimpico Nilton Santos stadium in Rio de Janeiro, Brazil, 14 June 2021. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, денеска го слави својот 34 роденден. Роден на 24 јуни 1987 година во аргентинскиот град Росарио, тој играше за младинските категории на Њуелс, а потоа се пресели во Барселона, во познатата „Ла Масија“.

Неговите фантастични игри со години ги воодушевуваа фановите ширум светот, и во чест на неговиот роденден Барселона објави едно прекрасно видео.

Во својата кариера покрај бројните индивидуални признанија, со каталонскиот клуб успеа 10 пати да ја освои шпанската „Ла Лига“, по седумпати „Копа дел Реј“ и шпанскиот Суперкуп, четирипати Лигата на шампионите, по трипати УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Со аргентинската репрезентација немаше досега немаше големи резултати, се одвојува златниот медал на Летните олимписки игри во 2008 година, а моментно е со репрезентацијата на „Копа Америка“.

А кога сме веќе на ова натпреварување, неговите репрезентативци се погрижија за незаборавна роденденска честитка.

Потсетување дека на 30 јуни му истекува неговиот договор со клубот од „Камп Ноу“, претходно беше објавено дека Меси веќе се договорил со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, останува во следниот период да се види дали ќе се официјализира новиот договор или не.

Готово: Меси ќе добие нов договор, но и помали плати во Барселона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот