ВИДЕО | Галежлив: Мачорот Пакито обожава да се гушка со сопственичката

Мачорот Пакито
Мачорот Пакито / Фото: Инстаграм/Мачорот Пакито

Како домашни миленици, мачките не обожаваат премногу галење и претпочитаат да имаат свој простор во кој никој нема да ги тормози. Се разбира, сè додека самите не посакаат да се галат со сопствениците.

Но, мачорот Пакито е доказ дека мачките можат да се научат на галење и бакнување.


Неговата сопственичка објави снимка во која објаснува како го галела мачорот уште кога бил мало маче и секојдневно го бакнувала по главчето.

„Сега бара бакнежи секоја вечер пред спиење“, вели неговата сопственичка.

Видеото веќе има повеќе од 800.000 прегледи, а голем број корисници на Тик-ток ги споделија своите искуства во коментарите под објавата.

„Јас не ја бакнував мојата мачка како малечка и сега таа постојано бега од мене“, „Мојата мачка обожава да се гушка и не би ја сменила за ништо на светот“, „Се обидов, но не ми успеа. Мојата мачка сака да се гушка, но мрази бакнежи“, гласат дел од коментарите.

@paquito_thecat Sharing how I raised my cat to be cuddly. Follow for more! #cat #catsoftiktok #fyp #catlover #purring #asmr ♬ original sound – Paquito Del Barrio

Прочитајте и за овие миленици:

Забавна криенка: Сопственичка на слатко кученце го збуни нејзиното милениче

Дали сте виделе мешанец од златен ретривер и ротвајлер? Запознајте го Аполо

Преслатки домашни миленици ја пресоздаваат „Flowers“ на Мајли Сајрус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот