ВИДЕО | Габер: Водејќи се од принципите на ЕУ, Македонија не треба да биде жртва туку пример

Пред се уморни се јавноста, луѓето, граѓаните кои очекуваат еден процес после НАТО да продолжи кон ЕУ, со оглед на преземените чекори кои не беа лесни, но процесот треба да се заокружи. Ние како дипломати може да кажеме дека не сме толку уморни. Некако влегуваме во психологијата на тие што одлучуваат. Тие луѓе имаат свои агенди, интереси и бекграунди и историски и актуелни кои што нив ги притиска и како политичари. Факт е дека Комисијата предлага или не предлага, но Советот ја носи одлуката, изјави во Утрински брифинг Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат од карирера.
„Доаѓаме до ситуација каде индиректно се прави притисок да се дојде до решение. Јас реков дека процесот ќе биде долг и ќе трае, бидејќи едно е политиката, а друго е дипломатијата. Дипломатијата е практично продолжена рака на внатрешната политика, што треба да значи дека внатрешната политика ги притиска дипломатите да донесат одредени одлуки“, вели Габер. „Вархељи она што го кажува за унгарски медиуми е различно од она што ќе го кажува на масата во Брисел. Барем нијансите ќе бидат различни. Треба да бидеме свесни дека тие луѓе што одлучуваат, одлучуваат врз основа на тоа што треба да направат, врз основа на оној кој им го дал мандатот, а тоа е нивниот народ“, смета Габер.
„Мислам дека е добро што нашата делегација отиде во Брисел и да ги каже реалните состојби со кои се соочува македонскиот граѓанин, култура, образование, безбедносните развојни тенденции кои владеат“, вели Габер. „Постојат огромни разлики помеѓу грчко-македонскиот и бугарско – македонскиот спор. Се работи за два сентименти – едниот е територијално чист, а другиот е помешан со емоции кои произлегуваат од етно-културните врски помеѓу Словените на Балканот. Ако поинаку беше сплетот на историските околности тогаш и Србија можеше да направи некаков поинаков развој на односите помеѓу македонскиот и српскиот народ. Но моментот беше поинаков. Моментот одлучи свесни луѓе, интелектуалци, луѓе кои гледаат перспектива да речат – чекајте каде ќе одиме вака – тие луѓе имаат идентитет кој што го градат многу поспоро бидејќи историските околности ги ставиле во таа гео-стратешка позиција“, вели Габер.
„Водејќи се од принципите во ЕУ, градењето иднина, Македонија не би требало да бидеме жртва, туку пример бидејќи направивме чекори кои на Балканот до сега не се видени. Некој ќе рече кој ве тера – но, нас не тера иднината и историјата која што оставила тешки бремиња на нашите плеќи“, смета дипломатот Габер. Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот