ВИДЕО | Габер Дамјановска: Оние што ќе поминат низ Академијата за судии, поминале сами и никому ништо не должат

Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академија за судии и обвинители / Утрински брифинг
Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академија за судии и обвинители / Утрински брифинг

Вчера се одбележаа 15 години од основањето на Академија за судии и јавни обвинители.

-Сите нѐ почестија со своето присуство, секако со почитување на ковид-протоколите. Присуството на амбасадорите го толкувам не само како поддршка за Академијата туку и за државата. Петнаесет години се веќе адолесценција, детските чекори се поминати, а сега постои добра подлога за профилација на нашите кадри. Најголем број наши едукатори се судии и обвинители во најголем дел, вели Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“.

-Проблемите можам да ги идентификувам како потреба за едукација во некои специфични области. Слободата на изразување, на пример, постојано се унапредува. И тоа треба да се следи, вели Габер Дамјановска.

Свеста за важноста на човековите права постои кај обвинителите и судиите, но сѐ зависи и се третира од случај до случај. Пресудите од ЕЧСП од Стразбур се добар патоказ како треба да се движиме. Затоа е интересна судската пракса. Колегите сакаат да дискутираат преку практични примери, вели Габер за Утрински брифинг.

Инсистирањето на ЕУ идните судии и обвинители да поминат школување по две години во академијата значи дека тие само и исклучиво по сопствена заслуга дошле до позицијата до која дошле преку тестирања, ии никому ништо не му должат, вели Габер за тоа дали е сѐ уште исполитизирано нашето правосудство како што беше.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот