ВИДЕО: Футсалците загубија на првиот контролен меч со светскиот шампион

Македонските футсалци добро се држеа против Португалците во Лисабон/Фото: ffm.mk

На првиот од двата пријателски натпревари македонската футсал репрезентација во Лисабон претрпе пораз од 3:1 против актуелниот светски шампион Португалија.

Португалците кои се подготвуваат за настапот на Европското првенство во Холандија (кое стартува на 19 јануари), доста се мачеа да дојдат до реализација против нашите најдобри футсалци.

После првото полувреме водеа противниците со 1:0, голот беше дело на Андре Коељо во завршните моменти пред паузата.

Ние го започнавме вториот дел на најдобар можен начин, Јакуп Рамадани со убав дриблинг се ослободи од својот противнички играч и ја смести топката во мрежата за израмнување.

Португалија воглавно ја имаше повеќе топката во своите нозе, до крајот на средбата сепак успеа да ја оправда фаворитската улога, конечниот епилог го поставија Ерик Мендонча во 30 и Жоао Матос во 40 минута.

За денеска од 18.45 часот е закажан нов контролен меч помеѓу овие две селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот