ВИДЕО: Фуриозен финиш на Јунајтед за полуфинале во Лига купот

Единсон Кавани поради доаѓањето на Кристијано Роналдо има помала минутажа на „Олд Трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

По Брентфорд, Тотенхем и Манчестер сити, последен полуфиналист во Лига купот е Манчестер јунајтед кој го совлада Евертон со 0:2 и тоа со голови во последните минути.

Јунак на „црвените ѓаволи“ е Единсон Кавани кој откако се спаси од црвен картон во 52. минута по фаќањето за врат на дефанзивецот на Евертон, Јери Мина.

Уругваецот во 88. минута со одличен удар од 17-тина метри го совлада голманот Олсен. По примениот гол, Евертон се обиде да дојде до израмнување, но наместо тоа Јунајтед го искористи слободниот простор на противничката половина и преку Антони Марсијал го постави конечниот резултат.

Претходно Тотенхем со 3:1 го совлада Стоук, а во листата на стрелци се запиша и Герет Бејл. Бејл го постигна првиот гол за својот тим, а во листата на стрелци се запишаа и Дејвис и Кејн, додека голот за Стоук беше дело на Томпсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот