ВИДЕО | Функционирање на музичките здруженија пред, за време и после пандемијата, разговор со Симоновски од „Музика сега“

Ние сме здружение кое се грижи за правата на композиторите и изведувачите, од оние изведувачи на клубски свирки, па се до филхармонија. Сферата на делување е јасна, ние сме професионално здружение, изјави во Утрински брифинг, Трајко Симоновски, претседател на Здружението „Музика сега“.

Ситуацијата со пандемијата беше „конструктивен момент“, бидејќи сите музичари немаа работа и беа унифицирани во своите потреби. Но ова здружение има многу подолгорочни цели. Кога живеев во Загреб почуствуав на своја кожа како функционира Хрватската глазбена унија и тоа во време на војна. Кога се вратив тука видов дека такво нешто не постои, широко здружение кое ќе ги постави работите на повисоко рамниште. Дојде време кога сфативме дека ние музичарите само губиме, немаме осигурување, освен ако самите не издвоиме од оскудниот буџет, така што потребата од вакво здружение дојде природно, вели Симоновски.

Имаме пријавено околу 500 членови, со музичари, од класичари, џез музичари се до луѓе кои се бават со свадби, така што дијапазонот е многу широк, повеќе не интересира професионалниот аспект, изјави за Утрински брифинг Симоновски.

-Ситуацијата е катастрофална. Имаме случаи каде сопруг и сопруга живееле од музиката и сега немаат никакви примања. Помошта што ја добивме од владата дојде одлично, но таа помош дојде да се закрпат досегашните дупки, но пандемијата продолжи. Се надеваме и на понатамашно соработка. Наша долгорочна цел е да се качиме еден или два чекори погоре во хиерархијата и да формираме комора која од други позиции би влијаела на носењето на законите и конструктивно да влијае за решавање на проблемите кои нас не допираат секојдневно, вели Симоновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот