ВИДЕО | Фудбалерите ги започнаа подготовките за натпреварите со Малта и Фарски Острови

Фото: Screenshot

Македонија на 23-ти март ќе игра против Малта со која ги започнуваме квалификациите за Европското првенство во Скопје, а четири дена подоцна во слободниот термин во пријателска средба ќе ни гостуваат Фарски Острови.

Дебитантски повик во сениорската репрезентација доби Давор Здравсковски од АЕЛ Лимасол. Поради слаба минутажа тука не се Стефан Спировски и Бобан Николов, додека Серафимов и Костадинов се повредени. Повратник во репрезентацијата е десниот бек на Шкупи, Владица Брдаровски.

“Чест и задоволство е да се биде дел од ова фамилија тука. Секој фудбалер сонува биде еден ден А-репрезентативец. Секако дека сум подготвен да се ставам во функција на тимот и на барањето на селекторот. Прв меч ќе биде со Малта, но Македонија секогаш си има свои цели и секогаш одиме на позитивен резултат. Притисок да, но некогаш подобро е да се има притисок за поголем предизвик. Доколку ќе бидеме како што треба, нашите шанси за тука“,

Најголем дел од фудбалерите кои се на списокот денес ги започнаа подготовките, додека веќе во наредните се очекува пристигнувањето и на останатите кои имаа обврски кон клубовите.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот