ВИДЕО | Фудбалер од Третата лига во Босна постигна спектакуларен гол

Фото:

Изминатиот викенд во Босна и Херцеговина се постигна гол каков што ретко се гледа на фудбалските терени.

Во натпреварот од 28-то коло во Втората лига (Запад), трето по ранг натпреварување во Босна домаќините Босанска Крупа ги совладаа соседите Слога БО со убедлвии 4:1.

Моментот поради кој овој натпревар го привлече вниманието на медиумите од регионот се случи во 87-та минута кога фудбалерот Исак Џана постигна фантастичен гол со „ножички“. Тој самиот си ја подигна топката и спектакуларно ја смести во мрежата.

Видеото објавено на „Тик-Ток“ во само четири дена собра скоро еден милион „лајкови“.

@__ishak__97__ #gnkbratstvo1918bosanskakrupa #fypシ ♬ Merccedecc – Desingerica & Pljugica & Djexon & Coja

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот