ВИДЕО: Фудбалер на Црвена звезда ќе се истепаше со цариник на аеродром

Гелор Канга, фудбалерот на српскиот шампион предизвика непријатни сцени на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Фудбалерите на Црвена звезда во четвртокот му гостуваа на Слован Либерец (0:0) во рамките на последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, но во центарот на вниманието на јавноста кај северниот сосед е потегот на Канга кој предизвика инцидент и малку ќе се степаше со еден од цариниците.

Еден од цариниците го зеде куферот на Канга на дополнителен преглед, а тоа на фудбалерот на Црвена звезда не му се допадна и во еден момент почна да се влече со цариничката, а снимката од непријатниот момент од безбедносните камери заврши на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот