ВИДЕО | Фризер бесплатно потстрижил бездомник, луѓето шокирани од трансформацијата

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Убавите гестови секогаш се за пофалба! Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа трансформацијата на бездомник кој долго време не се капел. Со прилично запуштен изглед, со несредена коса и брада, човекот ја прифатил понудата на Џошуа Сантијаго, фризер кој сакал да го промени неговиот изглед.

Фризерот го запознал бездомникот на улица и решил да му ја понуди својата услуга за да се чувствува подобро и да изгледа поубаво. Трансформацијата ги шокирала корисниците на социјалните мрежи и судејќи по коментарите, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека сега изгледа 20 години помладо!

 

@empoweringcuts Positive energy knows no boundaries. If everyone were to spread positive energy on the internet, the world would be a much better place. 💜 #homelesslivesmatter #fyp #gooddeeds #freehaircuts #love ♬ Sad Emotional Piano – DS Productions


„Секој заслужува да се чувствува добро и среќно со себе“, напишал фризерот на својот профил на ТикТок во видеото на кое се гледа како бездомникот седи на стол. Џошуа одлучил да му ја скрати огромната брада и коса, а финалниот резултат е за пофалба! Во другото видео тој покажал како човекот изгледа без брада и со уредна фризура. Она што е интересно е дека бездомникот сам избрал што сака, а фризерот истакнува дека неговото правило е „да им го даде на муштериите тоа што го побарале“.

 

@empoweringcuts Everyone deserves to feel good about themselves! ♥️ #foryoupage #homelessman #transformation #confidence #freehaircut ♬ original sound – THADDEUS


Коментарите беа неизбежни. „Човеку, колку е убав сега!“, „Не ми се верува дека изгледа буквално 20 години помладо“, „Каква разлика прави фризурата и брадата, тоа е нереално“, „Секоја чест за гестот, ова е прекрасно“ , „Сега изгледа како кул лик од игра“, гласале коментарите.

 

Видео на денот