ВИДЕО | Француските министри под истрага: Јаделе во тајни ресторани?

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Во Франција е покрената истрага заради наводите дека министрите и останати функционери јаделе во тајни ресторани, што е во спротивност со рестриктивните мерки воведени заради спречување на коронавирусот.

Рестораните во Франција се затворени од октомври за да се спречи ширењето на коронавирусот, а Канцеларијата на париското Обвинителство соопшти дека во недела е отворена истрага заради можни обвинувања за загрозување на здравјето и работа на црно.

На видео снимката која ја емитуваше француската мрежа М6, непознат маж изјавува дека јадел во два или три тајни ресторани со одреден број на министри на француската влада. Членовите на владата веднаш негирале постоење на такви ресторани, а министерот за внатрешни работи Жерар Дермањин побара од полицијата да ги истражи наводите.

Портпаролот на владата, Габријел Атал изјавил за ЛЦИ телевизија дека властите ги истражуваат извештаите за тајни ресторани веќе со месеци и дека се идентификувани околу 200 лица кои ќе бидат казнети.

-Министрите во владата имаат обврска да бидат беспрекорни и пример за другите, рекол Атал.

Обвинителството денеска соопшти дека истрагата продолжува и покрај фактот дека мажот, кој зборува во видео снимката, ја повлекол својата изјава. Рестораните во Франција се затворени од октомври за да се спречи ширењето на коронавирусот, а во земјата на сила е ново делумно затворање, бидејќи единиците на интензивна нега се преполни со пациенти заболени од ковид-19.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот