ВИДЕО: Французите немоќни, ракометно шоу на Исланд во Будимпешта

Исланѓаните се во трка за позициите кои водат во полуфиналето на ЕП/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Репрезентацијата на Исланд оствари победа, изненадувачки висока над Франција со 29:21 во натпреварот од главната фаза на Европското првенство.

Убедливо најдобрата игра на првенството досега ја прикажаа Исланѓаните. Доминираа и во нападот и во одбраната, ја казнуваа секоја грешка на фаворитите, со агресивна одбрана целосно ги затворија сите приоди кон својот гол, па повеќе од заслужено стигнаа до триумфот.

После првото полувреме имаа „плус седум“ (17:10), а во вториот дел само ја одржуваа предноста.

Најефикасен во победничките редови беше Магнусон со 10 голови, а кај „триколорите“ по пет имаат Дескат, Мине и Турна.

На табелата во групата „1“ Данска, Франција и Исланд имаат по четири бодови, по два Холандија и Црна Гора, а ниту еден Хрватска.

ВИДЕО: Црна Гора не успеа да слави и против Холандија на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот