ВИДЕО | Францускиот предлог од „Илинденска“ број 2 стигна до јавноста

Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски
Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски / 1 јули 2022 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите идентитетски прашања се заштитени, кои всушност беа наши елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите. Вака накратко премиерот Димитар Ковачевски денес со владините партнери ја презентираше позицијата на земјава по пристигнувањето на новиот француски предлог на адресатаа на Владата на Илинденска бр.2.

Премиерот Ковачевски на прес-конференција во владата,  рече дека започнува процес на широки консултации со претседателот, собранието, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите и експертската јавност за предлогот кој ќе ги откочи македонските евроинтеграции.

„Сите лажни тврдења, во различни форми, сметам дека потонаа… Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за понатамошно отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на конференција со ЕУ е исто така во вклучено во предлогот“, рече Ковачевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија истакна дека најпрво што ќе следи е процес на разгледуваме документите во пакет.

– Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ – изјави Маричиќ.

Во меѓувреме Владата непосредно по средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерите на партиите од владината коалиција го објави францускиот предлог на официјалнта веб страна.

Според премиерот Ковачевски во деновиве што ќе следат ќе се отвори процес на широки консултации, кој ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори околу евентуалното прифаќање на францускиот предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот