ВИДЕО: Франција лесно против Црна Гора, Исланд ќе чека „услуга“ од Данска

На Французите ќе им биде доволен и бод против Данска за влез во полуфиналето на ЕП/Будимпешта, Унгарија/24 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Денеска заврши и третиот натпревар од денешната програма на Европското првенство, репрезентацијата на Франција со 36:27 ја совлада Црна Гора.

Дика Мем беше најефикасен кај „триколорите“ со седум голови, а истиот учинок го имаше и Милош Вујовиќ кај поразените.

Французите со овие бодови направија значаен чекор во трката за пласман во полуфиналето, моментно во групата „1“ води Данска со осум бодови која веќе е во следната фаза, следуваат Франција со шест и Исланд со четири бодови. Хрватите, Црногорците и Холанѓаните кои имаат по два бодови се веќе елиминирани од трката за полуфиналето.

Во последните мечеви закажани за в среда Франција игра против Данска, а Исланд се соочува со Црна Гора. Доколку Франција победи или ремизира, таа оди во полуфиналето без разлика каков ќе биде резултатот на Исланѓаните.

Доколку Исланд победи, а Франција загуби, тогаш составот на Гудмундсон ќе се најде во борбата за медалите. Доколку загубат и Исланд и Франција, во следната фаза ќе патуваат „триколорите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот