ВИДЕО: Франција ја совлада Белгија во Лигата на нации, Италија подобра од Израел

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Фудбалерите на Франција вечерва на свој терен ја совладаа селекцијата на Белгија со 2:0, во второто коло од групата 2 од А дивизијата на Лигата на нации.

Стрелци за Франција беа Рандал Коло Муани во 29 минута и Усман Дембеле во 57 минута.

Во истиот период, во вториот натпревар од групата 2, Италија како гостин на неутрален терен во унгарскиот главен град Будимпешта го победи Израел со 2:1.

Головите за Италија ги постигнаа Давиде Фратези во 38 минута и Мојзе Кен во 62 минута. Стрелец за Израел беше Мохамед Абу Фани во 90 минута.

Италија е прва во групата со шест бодови, Франција и Белгија имаат по три, а Израел нема бодови.

Во следното коло Франција му гостува на Израел, додека Италија ја пречекува Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот