ВИДЕО: Франција и Црна Гора обезбедија пласман во полуфиналето на ЕП 2022

Француските ракометарки ќе се борат за еден од медалите на ЕП/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во вториот денешен натпревар од групата „2“ од главната фаза на Европското првенство репрезентацијата на Франција во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје со 29:21 ја совлада Германија.

На тој начин Французинките им направија „услуга“ на Црногорките и заедно со нив ќе играат во полуфиналните натпревари на континенталниот собир кои ќе се одиграат во Љубљана.

Канор од победничките редови реализираше пет голови, а кај поразените Гријселс седум пати се запиша во листата на стрелците.

Црна Гора претходно оствари важна победа над Романија со 35:34 и после 10 години повторно е меѓу најдобрите четири европски селекции.

На табелата Франција има осум бодови, пред Црна Гора со шест, по три имаат Шпанија и Холандија, а по два Германија и Романија.

В среда (16 ноември) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се играат последните три натпревари на ЕП. Од 15.30 часот Романија против Германија, од 18.00 часот Холандија против Црна Гора и од 20.30 часот Франција се соочува со Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот