-2 C
Скопје

ВИДЕО+ФОТО: Жив ланец, вулгарно обраќање кон полицијата во Минск, приведени 313 лица

Припадниците на белоруската полиција приведоа 313 лица за време на вчерашните протести, информира портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

– Вкупно, 313 лица се во притвор до крајот на судските рочишта за кршење на законот на вчерашните масовни настани, напиша Чемоданова на социјалната мрежа Телеграм и додаде дека во тек се истраги за давање отпор на полициските службеници и попречување сообраќај.

Белоруските полицајци трчаат пред полициските возила за време на протестот во Минск/ Фото: EPA-EFE/STR

Министерството исто така потврди употреба на специјални средства против демонстрантите.

– Граѓаните продолжија да ги игнорираат легитимните барања на полицијата, тие формираа жив ланец, вулгарно и се обраќаа на полицијата, активно се спротивставуваа на полицијата, врескаа и лелекаа, се вели во соопштението и се додава дека затоа полицијата била принудена да користи специјални средства (неколку истрели од огнено оружје во воздух и солзавец).

Прочитајте и...  ВИДЕО | Судијката Неделкова за Утрински брифинг: Јас сум голем трофеј – некој не сака да ме види во судскиот систем

Масовните протести во Белорусија траат веќе неколку месеци поради резултатот од претседателските избори одржани на 9 август.

Секоја недела најголемите протести се одржуваат во Минск и во неколку други градови.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар