ВИДЕО+ФОТО: Уште два земјотреси ја тресеа Хрватска, удри и во Крит

По катастрофалниот земјотрес во близина на Петриње кој со јачина од 6,2 степени предизвика очај и хаос, земјата во Хрватска не престанува да се тресе.

Околу 18:30 часот, ЕМСЦ регистрира земјотрес со јачина од 3,9 степени. Само неколку минути подоцна уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер повторно ја потресе земјата.

И натаму во тек е акција за спасување во најпогодените места.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Пациентите во болницата во Петриње чекаат да бидат евакуирани. По денешниот разорен земјотрес во објектот долго време немаше ниту електрична енергија ниту греење.

ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Земјотрес со јачина од 3,7 степени е регистриран на околу осумдесет километри од Ираклион на Крит.

 

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, осум километри од Георгиопулос на Крит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот