ВИДЕО+ФОТО: Стравична експлозија во Мадрид, се урна зграда во центарот, чад и остатоци насекаде

Во центарот на Мадрид денеска одекна експлозија, а се појавија драматични слики од местото на рушењето на зградата и остатоците кои ја покрија улицата подолу. Причината за експлозијата сè уште не е јасна.

Фотографиите и видеата се шокантни и минувачи снимиле автомобили уништени од експлозијата и чад кој се шири од горниот кат на зградата.

Фото: EPA-EFE/DAVID FERNANDEZ

Локален новинар изјави дека „страшната“ експлозија се случила на улицата Толедо, улица во центарот на шпанската престолнина.

Осум противпожарни екипи се испратени во областа, наведуваат од ТелеМадрид.

Фото: EPA-EFE/JAKE THREADGOULD BEST QUALITY AVAILABLE

Локалното училиште, наводно, е тешко оштетено од експлозијата, а чадот што се гледа на видеата снимени на улица, наводно, доаѓал од старечки дом до зградата каде што се случила експлозијата.

Во моментов не е јасна причината за експлозијата и не е познато дали има жртви.

Фото: EPA-EFE/DAVID FERNANDEZ

Местото на експлозијата е недалеку од Пуерта де Толедо, една од градските порти и популарна туристичка атракција.

Фото: EPA-EFE/DAVID FERNANDEZ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот