ВИДЕО+ФОТО | Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја. Денешните предизвици не може да се решаваат исклучиво ако со двете нозе сме во минатото, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на донацијата во брзи тестови за ковид од Кралството Норвешка, министерката Шекеринска рече дека имаме историја на која сме горди, но оти мора да се трудиме да ги решаваме проблемите.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Нашето антифашистичко минато не стави на вистинската страна на историјата меѓутоа денешните предизвици не можат да се решаваат исклучиво ако сме со двете нозе во минатото. Тоа го направија и европските држави само неколку години по најкрвавата војна во својата историја, рече Шекеринска.

Во таа насока, како што додаде, е и последното интервју на премиерот Зоран Заев кое испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.

– Никој во Европа не мрднал еден чекор од конфликтите и страдањата зборувајќи само за нив, туку правејќи контраст меѓу она што сме виделе, што сме почувствувале како сме страдале и она што сакаме да биде, рече Шекеринска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот