ВИДЕО+ФОТО | Шахпаска: Живеењето во дневните центри ги поттикнува лицата со попреченост, да бидат посамостојни

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска беше во посета на групните домови и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Скопје, раководени од лиценцираниот давател на социјални услуги – граѓанското здружение „Порака-Неготино“.

Оваа граѓанска организација е прв давател на услугата за живеење со поддршка во земјава и се грижи за 87 корисници. Од нив, половина се во Скопје, а другата половина  во Неготино.

-Процесот на деинституционализација како Министерство за труд и социјална политика го поддржуваме и тој продолжува и понатаму. Пред нас е предизвикот за заокружување на процесот до 2027 година согласно проектите. Сите корисници од Заводот во Демир Капија, Заводот Бања Банско, како и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топаанско Поле, треба да бидат преселени од гломазните институции- вели Шахпаска.

Таа истакна дека живеењето со поддршка во заедницата ги поттикнува лицата со попреченост, независно од тоа дали се работи за интелектуална или физичка попреченост, да живеат колку што е можно посамостојно. Вклучувањето во дневни центри им овозможува на лицата со попреченост да бидат да бидат креативни и  работно активни.

-Процесот на деинституционализација е начин како лицата со попреченост да бидат вклучени во секојдневното општествено живеење согласно нивните способности, да даваат придонес, да се осамостојат, да стекнат самодоверба и да се осамостојат како што е случајот за четворица корисници кои живеат целосно независно со повремен надзор- изјави министерката Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот