ВИДЕО+ФОТО: Серија земјотреси во Шпанија, жителите излегоа надвор и покрај полицискиот час

Земјотрес/ Фото: МИА

Серија земјотреси синоќа ја погодија шпанската провинција Гранада, а најсилниот од нив беше 4,3 степени по Рихтер.

Иако земјотресите беа послаби, жителите се вознемириле и излегле од домовите и покрај полицискиот час.

Инаку, од декември тој дел на Шпанија го погодија 170 земјотреси, а како што рекол градоначалникот на Гранада, Луис Салвадор подобро е да се има неколку земјотреси од четири степени, отколку еден од осум.

„Кажано ни е дека тие потреси стануваат се послаби“, рекол тој.

Експертите сметаат дека последните сеизмички активности се причина за приближувањето на Евроазиските и Афричките плочи за четири до пет милиметри.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот