ВИДЕО+ФОТО: САД се приближуваат до 250 илјади смртни случаи со коронавирусот
САД се приближуваат кон 250 илјади смртни случаи како последница од ковид-19, што ги натера локалните власти да воведат построги ограничувања.
Во САД во вторникот починаа 1.596 лица, што е најмногу за еден ден од 27 јули, а вкупно 248.898 лица починаа од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Ројтерс.
Здравствените експерти и персоналот со недели предупредуваа дека наскоро болниците во сите региони ќе бидат пренатрупани и дека ширењето на инфекцијата е евидентно во многу области.
–Најмногу сум загрижен од почетокот на пандемијата, изјави денеска Том Инглезби, директор на Центарот за здравствена безбедност на Џон Хопкинс, за Си-Ен-Ен.
Во вторникот хоспитализирани се 75.000 луѓе
Во вторникот се хоспитализирани рекордни 75.000 пациенти. Средниот запад стана епицентар на коронавирусот со скоро милион нови инфекции за една недела. Во Висконсин, исполнети се 90,6 проценти од креветите за интензивна нега, покажуваат денешните официјални податоци.
Владини претставници во најмалку 18 држави, воведоа нови мерки овој месец, вклучително и построги ограничувања на собири и носење маски на јавно место.
Официјални лица, кои првично се спротивставуваа на идејата за воведување социјални ограничувања, се предомислија откако вирусот започна брзо да се шири.