ВИДЕО+ФОТО: Русија започна со масовна вакцинација против смртоносниот ковид-19

epa08863904 A Russian medic preparing to inoculate a man with Russia's vaccine against COVID-19 disease at a policlinic in Moscow, Russia, 05 December 2020. On 05 December, Moscow began a program for mass vaccination against COVID-19 disease, caused by SARS-CoV-2 coronavirus, using the Sputnik V vaccine. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во Русија утрово започна програмата за вакцинација против коронавирус, а клиниките во Москва прво ќе ги вакцинираат оние кои се најмногу изложени на ризик од инфекција. Со ова Русија стана првата држава на светот која започнала со процесот на вакцинација. Русите ќе ја користат сопствената вакцина „Спутник V“, која е регистрирана во август, пишува „Би-Би-Си“.

Руската вакцина против КОВИД-19 во поликлиника во Москва, Русија, 05 декември 2020 година/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Илјадници луѓе веќе се пријавиле за првото од вкупно две вакцинирања, но се уште не е најјасно колку вакцини Русија може да произведе. Од произведувачот до крајот на годината се очекува да направи два милиони дози. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рекол дека приоритетни се оние луѓе кои најмногу се изложени на ризик од инфекцијата, како здравствените работници, учителите и професорите, софијалните работници…

Граѓаните за вакцинација можат да се пријават преку интернет и така да осигураат бесплатен термин на една од 70 локации ширум градот.

Вакцината против ковид-19 со која ќе се вакцинира руското население/ Фото:EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Вакцинацијата трае од 8 наутро до 20 часот навечер. Вакцината е 95 проценти ефикасна и не предизвикува нуспојави, но се упте поминува низ масовни тестирања.

Од денеска започна вакцинација на руското население против ковид-19/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Со коронавирус во Русија се заразени 2.431.731 лицам а починале 42.684, покажуваат новите податоци. Инфекција во последните 24 часа е потврдена кај 28.782 лицам вклучувајќи 7.993 во Москва. Во последите 24 часа од последиците на вирусот починале 508 лица.

Медицинско лице во рака ја држи вакцината која ќе го заштити руското население од ковид-19/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот