ВИДЕО+ФОТО: Протест на Синдикатот на полицијата – Бараат враќање на професионализмот и подобри услови

Фото: Слободен печат

Синдикатот на полицијата денеска организираше протест за како што велеа оттаму подобрување на професионализмот во полицијата.

Околу стотина полицајци движејќи се на улица „50-та Дивизија“ се упатија на протест кон зградата на Министерството за внатрешни работи, кое е под обезбедување од полициска гарда.

Дел од барањата на Синдикатот се: Тендер за сите видови на униформа во полицијата, стоп за незаконските распоредувања, додаток за борбата против коронавирусот, нов Колективен договор во МВР, професионалци на чело во МВР, стоп за мобингот, пдобри услови и права за подобар живот, владеење на правото во МВР, стоп за пресметка со синдикалните претставници на СПМ, зголемување на платите во полицијата, признавање на СПМ во МВР.

Улиците „50-та Дивизија“ и „Јордан Мијалков“ се блокирани за сообраќај.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот