ВИДЕО+ФОТО: По објавата во Слободен печат, исчистена е улицата „Црниче“

Откако Слободен печат пишуваше за неисчистената од снег улица „Црниче“ во истоимената населба, денеска сликата од терен е поразлична. Речиси и да нема остатоци од мразот на коловозот.

Погледнете:

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Исттата улица, изминатите три дена изгледаше вака:

Улица Црниче, 16 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески

 

Сепак, граѓаните реагираат за ненавремената реакција на општинските служби на Општините Центар и Кисела Вода.

ВИДЕО: Улицата Црниче како лизгалиште, додека граѓаните мака мачат, Кисела Вода и Центар се караат кој е надлежен

– Денеска улицата е чиста, по објавата во Слободен печат дојдоа екипи и го исчистија снегот. Сепак, сметам дека тоа е работа на службите и не би требало да се реагира откако некоја веста ќе излезе во медиумите, рече еден од жителите на улица „Црниче“ по чија реакција и нашата екипа се упати на локацијата.

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Приватна архива
Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Приватна архива
Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот