-0.3 C
Скопје

ВИДЕО+ФОТО | Пендаровски: Најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Самитот „Македонија 2025″ којшто за прв пат се одржува во хибриден формат и е посветен на состојбите во светот за време, и после глобалната здравствена и економска криза.

На панел дискусијата на тема „Претседателот и успешни млади: иновации и кодирање”, претседателот Пендаровски посочи дека се потребни структурни реформи во образовниот процес и инвестиции во истражување и развој, иновации и нови технологии, односно, да вложуваме во професиите на иднината.

-Ќе повторам една изрека којашто ја слушав и од моите наставници и професори, а тоа е дека најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието- истакна претседателот Пендаровски.

Во оваа насока, како што потенцираше претседателот ПендаровскиСамитот ,,Македонија 2025″ е придонес кон зајакнување на партнерството меѓу државата, науката, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор,.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Изјава на министерката Царовска по средба со наставници од основните училишта

Како позитивни примери претседателот Пендаровски ги посочи проектите ,, Таленти денес, лидери утре”, претседателскиот центар за политичко образование, како и „Успешни млади”, чија цел е да ја поттикнат научната и истражувачката работа на младите и да го вреднуваат нивниот труд.

-Младите научници, инженери и иноватори се столбот на развојот на секое стопанство. И затоа треба да создадеме услови, младите професионалци да ги заземат своите места во образованието, во институциите и во компаниите- истакна претседателот Пендаровски.

Во однос на иновативните проекти коишто без презентирани од талентирани ученици од основни и средни училишта, претседателот Пендаровски рече дека тие се иднината на нашата земја.

-За да ги подготвиме младите за професиите на иднината, потребно е да инвестираме во модерно образование, а клучни специфики на она што се нарекува Образование 4.0. е стекнување со иновативни, креативни и технолошки вештини- заклучи претседателот Пендаровски.

Прочитајте и...  Министерот Бесими, евроамбасадорот Гир и ресорните министри на средба за Програмата за економски реформи 2021-2023

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски, од круцијално значење е поддршката од државата. Во спротивно, истакна претседателот Пендаровски  ,,младите ќе немаат услови каде би ги развивале своите иновативни идеи”.

Со денешната дебата заврши деветтото издание на Самитот „Македонија 2025″, којшто служи како платформа за споделување на знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа.

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар