ВИДЕО+ФОТО | „Мириса на револуција“: Кулминација на протестите во Полска

Протестите низ целата Полска кулминираат. Во главниот град, Варшава улиците ги исполнија илјадници демонстранти за да го искажат својот револт против пресудата со која Полска воведе скоро тотална забрана за абортус.

Конзервативните вредности одиграа водечка улога во полскиот јавен живот откако националистичката Партија на законот и правдата (PiS) дојде на власт пред пет години, ветувајќи дека ќе го одбрани она што многумина го сметаат за традиционален, католички карактер на земјата.

Забраната за пристап до абортус е долгорочна амбиција на партијата, но поради негативната реакција на јавноста, не беа преземени законски чекори. Откако минатиот четврток Полскиот Уставен суд пресуди дека абортусот врз основа на фетални дефекти е неуставен и создаде правна основа што се приближува до скоро целосната забрана за абортусот во оваа претежно католичка земја, луѓето излегоа на улица и оттогаш протестираат секој ден. За денеска беше најавен најмасовен протест во Полска досега, а тоа и се случува.

Толпата луѓе, која на снимката од дрон што се шири на социјалните мрежи со неверојатна брзина, изгледа како да е бескрајна светлечка река.

Фото: EPA

Активистите за женски права со црвени факели и силно озвучување пред зградата на полската Влада ја пуштаат музиката на Дарт Вејдер од „Војна на вездите“ и „Земи ме “ ( Тake on me) на норвешкиот синт-поп бенд А-ха.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Иџе во Утрински брифинг: Државата да направи стратегија и да им помогне на автомобилистите
Фото: EPA

Симболот „Црвената молња“ е веќе неизбежен детал на облеката и шминката на иљадниците жени и мажи.

Корисниците на Твитер коментираат дека стотици илјади луѓе се собираат дури и во мали села кои никогаш не виделе никакви протести и дека „веќе мириса на револуција“.

Активистите отворено ги поддржа и поранешниот Претседател на Европскиот совет Доналд Туск.

„Варшава сега! Полска сè уште не е изгубена“ напиша тој на Твитер.

На твитер се појавија и снимки од лица кои се противат на протестите и ги напаѓаа присутните.

Властите во Варшава велат дека не паметат токлу масовен протест уште од од распадот на комунизмот во 1989 година.

Според податоците на полицијата само во средата 430 000 луѓе присуствувале на повеќе од 400 демонстрации низ целата земја.

Прочитајте и...  Речиси 10.000 новозаразени и над 200 починати од коронавирус во Швајцарија

Активистите за правата на абортусот тврдат дека пристапот до постапката за абортус во Полска во последниве години бил неодобруван дури и во случаи кога тоа било легално.

Многу лекари во Полска, којашто има најстроги закони за абортус во Европа, веќе го користат своето законско право да одбијат абортус врз основа на религиозни убедувања. Некои велат дека нивните претпоставени ги принудуваат на тоа. Затоа, официјалната бројка дека 1100 легални абортуси се случиле минатата година во Полска не се релевантни, се верува дека многу поолем број жени одат во странство само за да абортираат.

Поврзани вести

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг му ja честиташе победата на Бајден

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Шангај, терстирањето за ковид-19 излезе од контрола

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Драма меѓу две членки на НАТО во водите на Средоземното Море: Анкара протестира затоа што тимот на мисијата на ЕУ претресе турски брод на пат кон Либија

Илинка Иљоска

Велешките еколошки возила ги надминуваат границите

Слободен печат

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Остави Коментар