ВИДЕО+ФОТО: Колку се изменија Карлеуша и Тошиќ од нивната свадба до денес

Instagram
Instagram
Балканската дива Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, постојано привлекуваат големо внимание на јавноста. Едноставно се следи секој нивен чекор, а фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи редовно се анализираат.
Instagram
Иако во последно време често се шпекулира за нивниот развод, тие сепак уште се заедно. Двајцата ретко зборуваат за својот приватен живот во медиумите. Се венчаа на 28 јуни 2008 година. Венчавката се одржа во градината на хотелот „Prezident“ во Ковилово. Еден од највпечатливите детали на венчавката, покрај невестата, беше и феноменално украсената градина со базен над кој се протегаше писта долга 22 метри.
Instagram
Карлеуша сменила три венчаници. До олтарот во форма на срце дошла во придружба на нејзиниот татко. Со Душко размениле венчални прстени (вредни 5 илјади евра) и завети.
Image may contain: 1 person
Facebook
Целата свадба на Душко и Јелена била гламурозна, а тој гламур според претпоставките чинел помеѓу 80.000 и 100.000 евра. На гостите кои седеа на масите околу базенот им се послужувал кавијар, шампањско, специјалитети од италијанска и азиска кујна.
Instagram
Меѓу гостите имало многу луѓе од светот на шоу-бизнисот, политичари, креатори, спортисти. Пејачката Мина Костиќ пеела како подарок од гостин на свадбата на Јелена. Покрај неа, на свадбата пееле и „Тропико бенд“, Никола Роквиќ и покојниот Дарко Радовановиќ. Меѓу ВИП гостите биле Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Ивица Дачиќ, Стоја, Марина Туцаковиќ, Дејан Миличевиќ, Александар Коларов и други. Облечена во екстравагантен фустан изработен од бела свила и циркони, што самата го креирала, Јелена прошетала по пистата на вода долга 22 метри. Мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, не можела да ги задржи солзите слушајќи ја нејзината ќерка како го изговара судбоносното „Да“.
Instagram
На гостите им биле послужени ракови, фламбирани јастози, карпачо, пилешки крилца во сос од теријаки, круши полнети со горгонзола, спанаќ и салата од јагоди, печено јагне, морски плодови, октопод на скара и многу други зачинети деликатеси на меѓународната кујна, шампањско и не помалку ексклузивни бели и црвени вина. Првиот танц на Јелена и Душко бил на баладата на Сергеј Четковиќ „Погледи у тами“.
Instagram
Но, дефинитивно најголемата еуфорија настанала кога Душко почнал невообичаен вокално-визуелен перформанс со песната на Јелена „Жените сакаат дијаманти“.
Instagram
„Отсекогаш сонував за убава, романтична венчавка, па се очекуваше дека мојата венчавка ќе биде како од најубавите бајки на Дизни. Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите што ја направија мојата венчавка уникатна преку најтиражниот магазин за познати личности“, изјави за „Свет“ Карлеуша 36 часа по венчавката.   Јелена и Душко во бракот добија две ќерки Атина и Ника, кои израснаа во вистински убавици.
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот