ВИДЕО+ФОТО | Илина за Џамбазов научи да прави пита со домашни кори: „Тегнато“ со вишни и многу љубов

Instagram
Фото: Instagram

Уживавме во секоја објавена фотографија која македонска ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова, ја споделува на својот инстаграм – профил, а особено се радувавме на заедничките фотографии со Игор.

Профилот на Арсова е исполнет со уметност, адреналин, животни искуства, авантури, спокој и љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Овој пат Илина се пофали со уште едно нејзино прекрасно дело создадено со помош на една искусна домаќинка.

Со многу љубов во друштво на Игор и нивната пријателка госпоѓа Жане Танеска, Илина се учеше да прави пита со домашни „тегнати“ кори.


Питата дамите ја филувале со слатки вишни, а веруваме дека Игор уживал во дегустирањето.

Актерот на својот инстаграм – профил објави фотографија од процесот на изработка на питата – кора по кора, а Илина се пофали со видео од крајниот резултат.

Домаќинката Жане Танеска и Арсова тегнат тесто за „тегнато“. Јас го тегнам чаршафот, стои во објавата на Игор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот